Поради врнежите можно излевање на помалите реки и слевање вода во урбаните средини



Поради врнежите можно излевање на помалите реки и слевање вода во урбаните средини - МИА

Скопје, 5 август 2020 () – И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР.

-Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведува УХМР.

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

-Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.


Осум објекти од детската градинка ,,Рада Поцева“ од Кавадарци започнаа со работа - МИА
Вести

Втор случај на дете во градинка заразено со Ковид 19, Владата останува на ставот родителите да се вратат на работа

Скопје, 18 септември 2020 () – Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не […]

Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 26 август - МИА
Вести

Продолжува судењето за организаторите на 27 април, Талат Џафери повикан како сведок

Скопје, 18 септември 2020 () – Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието. На предлог на одбраната, треба да бидат […]

Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски на Министерството за одбрана - МИА
Вести

Реакции во земјава по бугарскиот меморандум, Владата потенцира дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неспорен факт

Скопје, 18 ноември 2020 () – Реакции на македонската политичка сцена предизвика објаснувачкиот меморандумот што Бугарија го испрати до земјите-членки на ЕУ, во кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Нацијата […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*