Полицискиот синдикат бара награда од 25.000 денари за секој вработен во МВР


Полицискиот синдикат бара награда од 25.000 денари за секој вработен во МВР - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Македонскиот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи да најде начин за да обезбеди парични средства за исплата на награда од најмалку 25.000 денари за сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението испратено до јавноста, Синдикатот посочува дека повеќепати досега побарале од министерот поради посебен придонес во борбата со КОВИД-19 на сите вработени во МВР да им биде исплатена награда во висина од најмалку една просечна плата, но оти во ребалансот на буџетот не се обезбедени средства за оваа намена.

– За нас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата сумата од 15.000 денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000 денари. Македонскиот полициски синдикат се надева и на јавна поддршка на ваквото наше барање од причини што сите граѓани на Република Северна Македонија  се свесни за жртвата и посветеноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи во насока на зачувување на здравјето, имотот на граѓаните и јавниот ред и мир во овој период на владеење на светска пандемија од вирусот КОВИД-19, се наведува во соопштението.

Синдикатот апелира до сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансова полиција да продолжат со посветеното и пожртвувано извршување на службените задачи, а, како што велат, на синдикатот да ја остават борбата за сите нивни права од работен однос.

 


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]