Полицајци делеа едукативни материјали против корупцијата на Деве Баир-Ѓуешево


Едукативен материјал со информативна содржина за начинот на пријавување корупција во полицијата и штетните последици од неа денеска на граничиниот премин Деве Баир-Ѓуешево делеа полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР и припадници на Дирекцијата на внатрешна сигурност при МВР на Бугарија.


 

Едукативниот материјал за подигање на свеста на граѓаните за пријавувње корупција се делеше во рамките на проектот „Остани чист кажи НЕ на корупцијата” како превентивна активност во борбата против корупцијата.

Во активноста беа вклучени студенти од Факултетот за безбедност во Скопје.