Показна вежба за правилно поставување на зимска опрема


– Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и партнерите, денеска пред трговскиот центар „ Skopje City Mall “ во Скопје ќе делат едукативни материјали, а ќе спроведат и показна вежба за правилно поставување на зимска опрема на возилото и презентација за позитивните ефекти од користењето на оваа опрема.



Настанот ќе се одржи во 12 часот на крстосницата меѓу бул. „Партизански одреди“ и ул„ Манапо“, пред трговскиот центар „ Skopje City Mall “ во Скопје.

Настанот се реализира како дел од „Зимска кампања 2020-2021“ и има за цел подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата и безбедно учество во сообраќајот при зимски услови на патиштата.