Подобрувањето на изборната регулатива меѓу темите на средбата на претставници на ОБСЕ/ОДИХР со раководството на АВМУ


Делегација на ОБСЕ/ОДИХР денеска беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на која се дискутираше за согледувањата нотирани во конечниот извештај на набљудувачката мисија за Локалните избори 2021 година и препораките кои произлегоа од него.


 

Како што соопштија од АВМУ, меѓу другото, акцент беше ставен на финансирањето на кампањата, обезбедување пристап до програмите на радиодифузерите на лицата со сетилна попреченост и бројните недоследности во изборната законска рамка.

Од страна на Агенцијата беа споделени и искуствата од спроведениот мониторингот на изборното известување на радиодифузерите, а се разговараше и за предлозите за измена и подобрување на изборната регулатива, стои во соопштението.