Поднесено е обвинение против струшкиот градоначалник за набавката на „аудито“

Поднесено-е-обвинение-против-струшкиот-градоначалник-за-набавката-на-„аудито.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.


Од ОЈО ГОКК на денешниот брифинг со новинарите соопштија дека обвинението е поврзано со набавката на луксузниот автомобил „ауди“, односно со злоупотреба на службена положба.

Претходно, Антикорупциската комисија во 2020 година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко, но Обвинителството тогаш го затвори случајот во фаза на предистрага.

Во меѓувреме, лани САД го ставија струшкиот градоначалник на таканаречената црна листа, со што го означија како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради негова вмешаност во значителна корупција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK