Почнува масовниот скрининг за Ковид-19


Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени - МИА

Скопје, 13 мај 2020 () – Од денеска почнува скринигот на вработените во градинките, како и на одредени ризични категории. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почнат со вработените од градинките кои се близу 2000 со цел изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.


 

– Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растоварени, од среда почнуваме со масовен скриниг, најпрвин со вработените во детските градинки, вели Филипче.

Скринингот се планира да се прави со истите ПСР тестови како и досега, а целта е со ПСР техниката да се идентификуваат асимптоматските носители. Според планот, со скринингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.