Денеска, започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.
Како што соопшти Државната изборна комисија, потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ целата територија на Република Северна Македонија.
Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08:00 до 20:00 часот, вклучително и во деновите, сабота и недела и празници.
Постапката за собирање на потписи ќе трае до 8 март до 24:00 часот.