Почна јавната седница на Апелација за „Тенк“ откако беа одбиени сите барања за изземање


– Откако беше одбиено и четвртото барање за изземање на претседателката на судечкиот совет Цветанка Периќ, на денешната јавна расправа по жалбата за пресудата за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, Груевски побара изземање на судечкиот совет и в.д. претседателот на Апелациски поради злоупотреби во АКМИС-от системот.

Груевски рече дека за време на паузата прочитал на некои од порталите дека се правеле одредени злоупотреби без почитување на АКМИС системот за распределба на предмети во судовите, во смисла на определување на судии кои ќе судат во овој предмет.

– Овој судечки совет од вчера до денеска е променет. Тоа создава сомнеж и сите вас ве прави оштетени и затоа барам изземање на сите вас и на в.д. претседателот на Апелацискиот суд, рече Груевски.

По ова беше дадено повторно пауза, по која барањето на Груевски беше отфрлено како недозволено.

Според судијката Периќ АКМИС системот не може да претставува причина за оштетеност на судиите. Седницата продолжи со читање на пресудата од страна на судијата известител. Поради обемноста на предметот претседателката на судечкиот совет рече дека ќе ја прекине расправата и ќе закаже друг термин за продолжување на седницата.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*