Почина најмладата медицинска сестра како последица на Ковид-19




 

По 10 месечната борба со пандемијата, почина досега најмладата медицинска сестра – жртва на коронавирусот. Станува збор за 40 годишната сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје, која беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.

„Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности“, велат од извршниот одбор на Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС).

„СестраИрена ќе ја паметиме како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани со борбата за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден“, се вели во соопштението.