Петрушевски: Поради бизнис интересот на претходната власт, граѓаните плаќаат поскапа струја, ЕСМ работи на намалување

brane-petrushevski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Криминалното и недомаќинско работење на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја за граѓаните 7 години по ред, и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.


„Ако во 2017 година кога ЕСМ го раководеше премиерот Христијан Мицкоски просечната производствена цена на 1 мегават час струја во РЕК Битола беше 33 евра, сега истата е 133 евра за мегават час. Зошто е тоа така? Ако ја погледнеме статистиката ќе видиме дека во времето кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ производствената цена на струјата била пониска за над 25% од таа пред тоа. А што се случува потоа? Цената од година во година расте за во 2023 година да достигне 103 евра за мегават час, а во 2024 година 133 евра за мегават час“, рече Петрушевски.

Како што додаде, растот на цената е причинет од не копањето на сопствен јаглен, и скапиот увозен јаглен.  Цената на произведен мегават час струја може да се намали и веќе раководството на ЕСМ работи на тоа, додаде Петрушевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK