Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело ги поставија темелите на писменоста на словенските народи, но и го отворија патот кон духовноста и просветлувањето, преку употребата на старословенскиот јазик во богослужбата, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска, на нејзиниот фејсбук профил.
– Делата на светите апостоли се духовен и културен темел на македонскиот народ, а нивната благородна мисија денес обединува голем број народи. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, објави на фејсбук министерката Петровска.