Петар Богојески позитивен на Ковид-19


 



Петар Богојески објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој на својот Фејсбук напиша дека утрово се разбудил со симптоми.

„ Ве известувам дека заболев од Ковид 19 и започнувам со лекување! (согласно антиген брз тест – но морам да информирам како превенција)

До вчера доцна бев без никакви симптоми, целосно функционален и енергичен… утрово се разбудив со симптоми…

Утрово бев на тестирање со стапчињата на Бил Гејц… ми вградија чип и ме заразија! Целта им е да ме спречат да му помогнам на Трамп да победи!!! 😀

Шала на страна, Ве молам сите вие кои бевте во контакт со мене последните денови да се тестирате и да се заштитите!

Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам!“ напиша Богојески.