Пендаровски на средба со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос

MK BELGIJA SREDBA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Белгија, во Брисел оствари средба со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, соопшти прес-службата на шефот на државата.


Претседателот Пендаровски, како што се посочува, оцени дека двете земји негуваат отворена и конструктивна соработка и се заблагодари за поддршката на македонските аспирации за членство во Европската Унија и изрази уверување дека поддршката ќе продолжи и за време на белгиското претседателство со ЕУ во првата половина од следната година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK