Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци


– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата.

На вежбата на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Станува збор за операција со сценарио за ослободување заложници од пловен објект со препад.

Полковник Сашо Лафчиски, началник на Одделението за специјални операција при Генералштабот на Армијата на Реублика Северна Македонија за самата вежба појасни дека се работи за демонстрација на боречки вештини и употреба на специјални тимови за решавање заложничка криза.

– Првата вежба беше демонстрација на боречки вештини, додека вториот елемент дел беше покомплексен затоа што покрај специјалните тимови во акцијата како поддршка беше вклучен хеликоптер Ми-17 од Вингот на Армијата, што помогна и при извлекувањето на дел од нуркачите. Гостите од Словенија беа задоволни од демонстрацијата на способноста на двата декларирани тимови за НАТО водени операции, рече Лафчиски.

Претходно Пендаровски и Пахор претходно беа во обиколка на Охрид, при што посетија некои од културно-историските знаменитости во Стариот дел на градот како црквата „Света Богородица Перивлепта“ со Галеријата на икони и катедралната црква „Света Софија“.


Вести

Нови 247 случаи на КОВИД-19, оздравеле 321, починале 15 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови. Од новорегистрираните случаи, во […]

Вести

Владини одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на УО на повеќе ЈП и АД

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на […]

Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

– Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со […]

1 Comment

  1. г.ПАХОР во Македонија има ДЕСКРИМИНАЦИЈА ИМА ЗАЕВИЗАЦИЈА=има улава држава

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*