Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, рече дека не ги коментира изјавите на политичарите. Според него дел ќе предлагаат предлози кои не зависат само од нив.
„Ќе слушнеме многу предлози, кои на крај граѓаните ќе кажат кои се тие што ги сакаат“, рече тој.
Според него, СДСМ ќе биде дел од коалиција и ќе води коалиција, којашто ќе ја сочинуваат партии со исти вредност, зачленување на државата во ЕУ, исполнување на обврските на НАТО.
Ковачевски кажа дека во овој момент не се разговарало во СДСМ за евентуална промена на системот за избор на претседател.
Според него граѓаните и пратениците ќе кажат што е прифатливо.
Во однос на кандидатите за претседател, Ковачевски кажа дека процедурата во СДСМ не е уште завршена.
„Кај нас процедурата се уште не е завршена, Стево Пендаровски е сериозен кандидат. Раководството на партијата веќе одржа состанок, она што е разговарано на раководството, бидејќи тоа е орган што не носи одлуки, туку предлага ставови, а Извршниот и Централниот одбор ќе донесе одлука кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ и на коалиционите партнери. Тие состаноци ќе бидат во текот на наредните денови. Во однос на другите кандидати можам на сите да им посакам успех, фер и демократска кампања на сите, граѓаните ќе си го кажат своето“, изјави Ковачевски.