Педесет инфузиони пумпи доби Инфективната клиника


Педесет инфузиони пумпи во вредност од речиси четири милиони денари доби Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.


 

Станува збор за донација од компанијата DM, од каде посочуваат дека имаат за цел да придонесат во борбата против коронавирусот, но и да се подобри опремата за сите пациенти кои се лекуваат во болниците во земјава.

ДМ дрогерие маркт повеќекратно донираше производи за дезинфекција и лична хигиена за Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Општа болница во Кавадарци и Клиничката болница во Битола, кислородни концентратори за Општата болница во Велес, како и клима уред и тролеи за пренос на инструменти и апаратура во Институтот за белодробни заболувања и туберколоза во Скопје.


-Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја. Инфузионите пумпи се веќе испорачани и ставени на располагање во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, изјавија од компанијата.