„Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид, си доделил сам себе 15 000 000 денари општински пари, односно пари на охриѓани. Имено, Пецаков се јавува како 100 процентен сопственик, односно 250 акции во Градски Ракометен Клуб Охрид АД Охрид 2013 Охрид со ЕМБС 6723136“, велат од партијатав Левица.
„Така бившиот ракометар Пецаков, а сегашен градоначалник си ги пикнал рачињата во медот и заедно со овластеното лице Ристо Китески, братучед на секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, за чиј непотизам Левица Охрид веќе во неколку наврати ја информираше охридската јавност, неизвршните членови, новинарот Горан Момироски, Виктор Мизо ( поранешен прв човек на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони ДТИРЗ), Наум Бабачев и Славчо Ристески, близок соработник на Пецаков, инаку вработен во ЈП Комуналец и директор на ГРК Охрид си добиле од Општина Охрид дури 15 000 000 денари и тоа:
– 15 000 000 денари директна поддршка;
– 600 000 денари за меморијален турнир „Крсте Андоновски Усташ“.
Да напоменеме дека спортските клубови се непрофитни здруженија кои се финансираат од членарина, донации и сл.
Левица – Охрид го повикува ОЈО Охрид да ги истражи податоците кои низ медиумите проциркулираа во јавност, кои всушност претставуваат Информации од јавен карактер и доколку се докаже вина, Пецаков да одговара согласно член 353 од Кривичниот законик.
Ако Кирил Пецаков е градоначалник не значи дека е недопирлив. Законите во Република Македонија треба да важат за секој граѓанин подеднакво“, се додава во соопштението на партијатав Левица.