Пауновски: Државниот пазарен инспекторат постапува неселективно


Пауновски: Државниот пазарен инспекторат постапува неселективно - МИА

Скопје, 7 октомври 2020 () –  На угостителскиот објект „Мош“ во кој последниот викенд имаше концерт, а го посетија и инспектори од Државниот пазарен инспекторат денеска му е испратена кривичната пријава и има рок од 48 часа да го испразни објектот.



Директорот на ДПИ Стојко Пауновски на заедничката прес-конференција во Владата информираше дека минатиот викенд поднесено е решение за затварање за пречекорување на работното време а во вториот случај за непочитување на протоколите за што има и кривична пријава. Тој нагласи дека ДПИ постапува неселективно

-Токму затоа се измените во законските решенија за ДПИ и полицијата, не само да направат записник туку истиот правен субјект да може да биде испразнет да не се пренесува зараза и да добие решение за затворањер и парична кана. Со пондесувањето на кривичните пријави видовме дека има доста пропусти направено, истакна Пауновски.

Информираше дека за контролата на угостителскиот објект од минатиот викенд решението е доставено и предметот ќе биде затворен. Локалот, рече тој, има 48 часа да ги извади сите материјали и стоки кои се расипливи за да не дојде до поголема штета на субјектот. Бк/