Отворено писмо до Собранието на Република С. Македонија


 


 

Почитувани,

На 11 – ти Ноември 2020 година поднесовме барање до Собранието на Република С. Македонија, како основач на најстариот и најголемиот универзитет во државата – Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за отпочнување на колективни преговори и потпишување на колективен договор на ниво на работодавач. Согласно законските прописи сите услови се исполнети од наша страна како репрезентативен синдикат на УКИМ. До денес, немаме добиено од Ваша страна никаков одговор. Доколку во рок од седум дена не добиеме писмен одговор за отпочнување на колективни преговори ќе бидеме принудени преку штрајк да бараме остварување на нашите права загарантирани со Устав и закон.

Сојуз на синдикати на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

27.05.2021 година