Отворен првиот KFC ресторан во Македонија (видео)


– Во Скопје денеска е отворен првиот ресторан на американскиот бренд Kentucky Fried Chicken (KFC).

Станува збор за fast food ресторан, кој се наоѓа во трговскиот центар „Сити мол“. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони евра и предвидено е да се отворат 400 нови работни места.

На отворањето присуствуваше премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли и и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богов.

– Како општина Карпош сакам да истакнам дека негуваме партнерски однос со сите бизниси на наша територија. Во нас, како локална смаоуправа, менаџментот на KFC може да гледа вистински поддржувач и партнер, рече градоначалникот Богоeв.

KFC како бренд е застапен во 123 држави во светот.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]