Османи: Сметајте на Северна Македонија како на партнер во остварувањето на европските перспективи на Балканот


Министерот за надворешни работи Бујар Османи на првиот ден од работна посета на Брисел имаше средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ.

За време на средбата Османи го поздрави активниот ангажман на високиот претставник на ЕУ Борељ за поддршка на европската перспектива на регионот, како и за покренатите иницијативи за обезбедување мир, стабилност и просперитет помеѓу земјите од Западниот Балкан. Во таа смисла Османи се заблагодари за неговиот придонес кон усвојувањето на одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ и потоа потврдена од Европскиот совет во март оваа година.

„ Зеленото светло за старт на преговорите со Северна Македонија беше демонстрација на подготвеноста на ЕУ да презема стратешки и визионерски одлуки дури и во предизвикувачките и тешки времиња на соочување со кризата предизвикана со КОВИД-19 пандемијата. Како Европејци заедно се соочуваме со предизвикот на вирусот и високо ја цениме итната ЕУ помош пружена за нашата земја, како и за целиот регион. Ова е вистинското време ЕУ и земјите кандидати сериозно да го разберат значењето и важноста на солидарноста и меѓусебната соработка и заедно рака под рака да ги надминат социо-економските последици од пандемијата“, подвлече Османи, посочувајќи дека одржувањето на Првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината ќе биде охрабрувачка порака и кон останатите земји од регионот да направат сè што е во нивна моќ и што е потребно во исполнување на реформите и постигнување на компромиси за надминување на билатералните спорови.

Во оваа насока Османи со Борељ разговараше и за заедничките напори што Високиот претставник ги прави заедно со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак за нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово.

„Успехот на дијалогот Приштина – Белград кој се одвива во Брисел ќе придонесе во надминување на разликите и создавање стабилен и безбеден регион, како основа за зголемување на регионалната економска соработка. Можете да сметате на Северна Македонија како на стабилен партнер во регионот, земја која е секогаш подготвена во рамки на своите можности да ги помогне ваквите напори“, потенцираше Османи на средбата, пренесувајќи му ги притоа на Високиот претставник приоритетите на надворешната политика, со особен осврт кон добрососедските односи и поддршката на регионалните иницијативи.

„Убеден сум дека Вашето ценето политичко искуство и ангажман ќе придонесе за натамошно зајакнување на улогата на ЕУ на глобалната сцена. Дозволете ми исто така да Ве уверам дека особено по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО како нејзина 30-та членка, целосно сме подготвени и посветени да ги подржиме Вашите напори во оваа насока, за натамошно зајакнување на европската и трансатлантска безбедност. Што и да ни носи иднината, Северна Македонија цврсто реши да биде упорна во целта да стане европска демократија управувана од вредности и принципи како што се владеењето на правото и почитувањето на човековите права“, беа пораките на Османи на средбата со Борељ.

Средбата Османи – Борељ се случува во исклучително динамично време за европските аспирации на Северна Македонија, во пресрет на усвојувањето на преговарачката рамка и закажувањето на првата Меѓувладина конференција за време на Германското претседателство, како официјален почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*