Османи: Политичката стабилност на Германија претставува основен поттик и за процесот на проширување


Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања Заменик Претседателот на Владата, Бујар Османи, оствари средба со пратеникот од редовите на Зелените во германскиот Бундестаг, Мануел Сарацин, кој воедно е и член на парламентарната Комисија за надворешни работи, како и на парламентарната Комисија за европски прашања при Бундестагот.

Османи изрази задоволство од напредокот во остварувањето на нов договор за нова големата коалициска влада во Германија, изразувајќи притоа и надеж дека позитивниот импулс и поддршката за процесот на проширување подеднакво ќе бидат рефлектирани и во новиот состав како и досега. „Политичката стабилност на Германија е важен предуслов за просперитетна и обединета Европа, а воедно претставува и основен поттик за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.“ истакна Османи.

За време на средбата Вицепремиерот Османи на својот соговорник му ги пренесе впечатоците од исклучително успешната посета на Германија каде висока владина делегација на Република Македонија оствари исклучително важни средби со највисокиот државен врв на Германија, меѓу кои и со Канцеларката Меркел и со Претседателот Штајнмајер. „Имајќи ја предвид политичката поддршка, како и финансиската и развојна поддршка на Македонија, Германија ја сметаме за земја пријател и партнер на земјава со огромна поддршка за нашите европски и евроатлантски аспирации, што и лично ни беше потврдено од страна на Канцеларката Меркел, како и од Претседателот Штајнмајер“ – истакна Османи, изразувајќи притоа благодарност до Германија и за нејзината активна улога во одржување на процесот на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено преку иницијативата на „Берлинскиот процес“.

Во контекст на пораките содржани во Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година Османи подвлече дека истата не само што претставува еден од клучните документи со кои ќе се зацврсти европската ориентација на земјите од Западниот Балкан,туку во неа е прецизно валоризиран и скорешниот напредок на Република Македонија во со што се отвора историска можност за враќање на Република Македонија на европскиот колосек и нејзино приклучување кон динамиката на проширување 2025.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*