Зошто иднината на Универзитетите е дигитална, или како да се биде општествено одговорен во време на пандемија: како до успешна онлајн испитна сесија


Поминаа речиси три месеци откако Република Северна Македонија го регистрираше првиот случај на позитивен пациент  на коронавирусот, а градинките, училиштата и универзитетите престанаа со спроведување на активности со физичко присуство. Додека се соочуваме со вториот бран и различни  мислења околу понатамошно спроведување на активностите на факултетите, сакаме да ја споделиме со акдемската и пошироката јавност нашата приказна во справувањето со последиците од пандемијата и зошто се одлучивме не само наставата туку и испитната сесија да ја реализираме онлјан.

Да се организира настава онлајн не е баук ниту пак бара поголеми ресурси од вообичаените. Напротив, ако поседувате соодветна платформа и добро обучен кадар, користењето на предностите на дигиталната технологија станува исклучително олеснителна и рационална околност како за професорите, така и за студентите и нивните семејства. Постојаното образование и обука како центрифугална сила на академската одговорност, но и потребата студентите да бидат обучени со вештини кои понатму ќе им дадат предност и на пазарот на труд и во секојдневниот живот биле секогаш modus operandi на Меѓународниот Универзитет  Визион, кој уште од своето основање во 2014та година поседува соодветна лиценцирана дигитална платформа, компјутерски центар и електронски систем , придонесоа да бидеме подготвени веднаш штом се појави кризата.

Впрочем, ние апелиравме до Министерството за образование и наука да ја префрли севкупната активност на факултетите онлјан, за што министерот Арбер Адеми брзо и одлучно реагираше. Токму затоа, кај нас за разлика од многу европски земји, ниту наставата ниту студентите не претпеа значителен прекин, одложување во летните месеци или најлошата опција- губење на академската година.

Пандемијата креира нова реалност за која мора да бидеме подготвени не само во текот на испитната сесија туку и за следната или следните академски години. И покрај можноста која ја даде министерството на барање на дел од Универзитетите за реализирање на наставата со физичко присуство, ректорската управа во интерес на зашита на јавното здравје донесе одлука и испитната сесија да се спроведува онлјан преку лиценцираната Мајкрософт платформа која ја поседува Универзитетот. На овој начин, ги заштитивме студентите кои доаѓаат од другите градови да не се изложуваат на дополнителни трошоци и  ризици поврзани со сместувањето и користењето на јавниот превоз, а најмногу од се ги поштедивме од стресот на стапување во контакт со потенцијално заболени лица на пат од дома до амфитеатар.

Истото се однесува и за услугите на стручно- административната служба кои се комплетно дигитализрани. Ваквата подготвеност на Универзитетот не дојде преку ноќ, туку низ континуирана обука за професорите, студентите и стручната служба како и постојано инвестирање во технологијата. Точно е дека тоа се сериозни ресурси, но нивното алоцирање на соодветен начин низ годините ни овозможи денес да функционираме непречно и дури и подобро од претходно. Во обид да ги насочиме студентите кон  стекнување на дигитални вештини, алатките кои ги користевме делумно во текот на редовната настава, не им беа непознати кога пандемијата го затекна светот неподготвен, заради што и наставата и испитите се одвиваат непречно. Сите активности континуирани ги следи лично Ректорот проф.д-р Фадил Хоџа врз основа на дневни извештаи. Она што особено не радува е што студентите на онлајн часовите се уште поредовни отколку вообичаено и што интересот за наставата и после три месеци, не опаѓа. Тоа што најммогу не радува е што до овој момент немаме ниту еден студент или наш вработен што заболел од вирусот.

Дополнително, инспирирани од зборовите на врвниот педагог Марија Монтесори не смееме да заборавиме дека крајната цел на образованието е личноста, заради што многу внимаваме да го одржиме позитивниот дух и ја користиме дигиталната технологија за организирање на различни настани, дискусии и конференции онлајн со учество на врвни светски професори, што исто така е многу добро прифатено од студентите. Синергијата од вештини, знаење и многу љубов и посветеност ни помага на сите подобро да ја пребродиме оваа ситуација и да останеме фокусирани на науката како основа за излез од кризата. Искрено се надеваме дека овој тренд ќе го прифатат и други универзитети, како би го заштитиле јавното здравје и јавниот интерес.

 

                                                                      Доц.д-р Весна Попоска,

Генерален Секретар

Меѓународен Универзитет Визион- Гостивар


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]