Земјоделците во Прилепско да не поставуваат системи за наводнување кај делекуводите, предупреди Мепсо


Пуштена водата за наводнување во светиниколските села Мустафино и Ерџелија - МИА

Прилеп, 4 август 2020 () – МЕПСО детектира испади на 110 – киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата „Прилеп 1“ со трафостаницата „Битола 1“  со што има прекини во снабдувањето со електрична енергија на Прилеп и на околните села.

Од компанијата велат дека ие тсе предизвикани од системите за наводнување и распрскување што ги поставуваат земјоделците во близина. Оттаму апелираат и ги предупредуваат земјоделците на внимателност.

– За непрекинато снабдување на Прилеп и на околните населени места со квалитетна електрична енергија, откако во изминативе денови се детектирани испади на 110-киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата „Прилеп 1“ со трафостаницата „Битола 1“ предизвикани од тоа што во близина на далекуводот се поставуваат системи за наводнување и распрскување, апелираме и предупредуваме земјоделците во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводи од преносната мрежа, стои во апелот и предупредувањето од МЕПСО.

Најстрого се предупредува да не се поставуваат прскалки за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа.

-Допирот на водниот млаз со проводните јажиња освен тоа што ќе го исфрли од погон 110 kV далекувод и ќе предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија, може да биде кобен за животот на лице кои се наоѓа под трасата на далекуводот. Затоа, никогаш не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси, никогаш не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите. Металот е проводник поради што се изложувате на огромен ризик по вашите животи. Не загрозувајте го сопствениот живот, како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина. Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем, предупредуваат од МЕПСО.

 

 


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*