Зелениот карван на „Цивил“ меѓу штипјани


Зелениот карван на „Цивил“ меѓу штипјани - МИА

Штип, 22 Септември 2020 () – Зелениот карван на граѓанската организација „Цивил“ денеска беше во Штип, каде што имаше работилница на која  учествуваа претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. Претседателот на „Цивил“, Џабир Дерала за вели дека проектот „Зелените доаѓаат“ има за цел да ги промовира зелените вредности, но со акцент на социјалната правда и антинационализмот.



-Социјалната правда и антинационализмот се дел од зелените вредности, поточно ние се обидуваме на овие работилници, што ги организираме во партнерства со локалните самоуправа да  објасниме  на јавноста и на локалните чинители за тоа дека зелените вредности не подрзабираат само комунална хигиена или не подразбираат одредени мерки за заштита на здравјето на граѓанките и граѓаните. Тоа се подразбира дека е така, но зелените вредности во прв ред ги подрзабираат човековите права и достоинство, вели Дерала.

Забележува дека зелените вредности подразбираат и еден постратешки пристап до ресурсите и нивно искористување, а општеството да го уреди на начин на кој сите граѓани ќе имаат еднаков пристап до придобивките на едно цивилизирано општество. Дерала смета дека со овој нивен пристап повеќе граѓани можат да имаат пристап и да ги користат природните ресурси.

-Дали сте виделе на трошна куќа на сиромашно семејство сончев колектор, на пример? Не сте виделе, тој кров и без сончевиот колектор може да се сруши, а камоли да му ставете сончев колектор, едноставно сиромашните немаат пари да можат да се посветат на одржливата енергија или да го организираат својот живот на начин на кој ќе имаат здрава животна средина, вели Дерала.

Зелениот карван на „Цивил“ по работилницата продолжи со инфо-штандови во Штип и Свети Николе каде граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои  го посетија  имаа можност да разменат искуства и ставови со тимот, а можеа да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.

Зелениот карван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот карван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.вдј/