Здружението на приватни лекари не прифаќа дополнителни трошоци за електронски и временски печат


Здружението на приватни лекари не прифаќа дополнителни трошоци за електронски и временски печат - МИА

Велес, 24 јуни 2020 () – Здружението на приватни лекари реагира до Фондот за здравствено осигурување поради тоа што матичните доктри кои ги застапува не прифаќаат дополнителни трошоци за електронски и временски печат, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Здружението, д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Потенцира дека тоа е дополнителен трошок за целокупното примарно здравство.

-Тоа значи дека ако докторите кои работат цело време, земат одмор или боледување, ќе немаат учинок, а со тоа ќе земат и помали финансиски средства. Таквиот вид реформи ниту сме ги преговарале, ниту сме ги прифатиле како Здружение на состаноците организирани од Светската здраствена организација, реагира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека Зружението поднело иницијатива до Уставниот суд да се преиспита уставноста на одредбата, каде ќе има награди само за докторите од јавното здравство, а матичните доктори кои се на првата борбена линија со Ковид-19 да бидат изоставени. Додаде дека награди треба да има подеднакво за сите доктори и од јавното и од примарното здравство во земјава. aд/


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*