Здружението на пензионери Куманово ќе подели вредносни ваучери за членовите со најниска пензија


Здружението на пензионери Куманово ќе подели вредносни ваучери за членовите со најниска пензија - МИА

Куманово,  21 мај 2020 () – Кумановското здружение на пензионери од наредниот вторник ќе почне со поделба на вредносни ваучери за членовите кои примаат најниска пензија, соопштија денеска надлежните од здружението. За почеток, ќе бидат поделени 200 ваучери за кумановските пензионери, членови на здружението, кои имаат пензија помала од 11.000 денари.

– Идејата е дека пензионерскиот денар треба да оди кај пензионерите или пак девизата. Од вас за вас, за пензионерите. Во тој правец ние од 26 мај почнуваме со поделба на овие ваучери. Сега ќе дадеме 200, а до крајот на годината ќе дадеме уште 100 или 200, зависно колку средства можеме да пренамениме од годишната програма, бидејќи некои активности како што се спортските се откажани поради пандемијатаизјави претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.

За да подигнат ваучер, пензионерите ќе треба да приложат фотокопија од лична карта и чек од последна пензија. Многу важно е, нагласува Јакимовски кога ќе ги подигаат ваучерите, пензионерите да ги почитуваат препораките, да носат маска, ракавици, да држат дистанца пред здружението.

-Активноста  требаше да ја спроведеме пред први мај, меѓутоа поради коронакризата и по препораките на Владата и Министерството за здравство да седиме дома, активноста ја пролонгиравме, изјави Јакимовски.

Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]