Заврши проектот „Насликани емоции“, во сабота изложба на гипсени маски


Заврши проектот „Насликани емоции“, во сабота изложба на гипсени маски - МИА

Гостивар, 19 јули 2020 () –  Реализацијата на проектот „Насликани емоции“, е пред самиот крај и неговото завршување ќе биде одбележано во сабота со изложба на насликани гипсени маски и признанија за учесниците.



Од здружението „Милениум“ од Гостивар кое е носител на проектот што опфаќа визуелните уметности, архитектура и дизајн во кој се вклучени ученици од повеќе основни училишта информираат дека бојадисувањето на маските од гипс заврши минатата недела.

Учесниците во овој проект имаа задача да ги насликаат нивните емоции на гипсените маски кои имаат пропорции на возрасно човечко лице.

– Искуството стекнато од изминатава деценија со изработки од гипс и од моето хоби ја изродија идејата за овој проект. Сакав преку една забавна и малку поинаква уметничка креативност од децата да ги извлечеме емоциите и тие да ги пренесат со бои врз гипсените маски. Предвидено беше да има поголем број на маски, но заради ситуацијата бевме принудени на ограничувања, па добивме 26 маски. Од она што го видов добивме многу колоритност и искреност во изразувањето и знам дека децата уживале во творењето,

вели авторката на проектот Слаѓана Брезовска.

Брезовска појасни дека првичната концепција е променета поради ситуацијата со пандемијата ковид-19 и реализацијата на проектот претрпе делумни измени. Таа нагласува дека била предвидена заедничка ликовна работилница на учениците, но заради ризикот по здравјето на учесниците материјалите им беа доставени во нивните домови каде и ги изработуваа во соработка со менторите.

Завршниот дел од проектот „Насликани емоции“ ќе се одржи во градскиот парк во Гостивар на 25-ти јули во 19:00часот во летниот амфитеатар. Организаторите упатија отворена покана до љубителите на уметноста за ја погледнат заедничката изложба на изработените маски од учениците и притоа да ги почитуваат предвидени мерки за заштита

– Изложбата ќе биде на отворено и ќе трае три часа со воспоставен протокол за заштита од корона вирусот. Со посета на изложбата ќе им се даде поддршка на младите таленти и ќе биде можност да се споделат импресиите од насликаните емоции, истакна авторката на проектот Слаѓана Брезовска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура во годинешната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата. ир


Вести

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Вести

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба. Предлогот ќе биде […]

Бизнис и економија

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

-Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се прогласи како неработен ден, потребно е да се направи само дополнување на законското решение во кое ќе се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*