Заврши пробивањето на трасата за патно поврзување на каменичките села Луковица и Косевица


Заврши пробивањето на трасата за патно поврзување на каменичките села Луковица и Косевица - МИА

Македонска Каменица, 10 септември 2020 () – Во Македонска Каменица заврши пробивањето на трасата за патно поврзување на селата Луковица и Косевица. Увид во реализацијата на активностите денес изврши градоначалничката Соња Стаменкова која рече дека наскоро ќе следува и асфалтирање на овој патен правец.



-Целосно е завршено пробивањето на трасата од скоро 2 километри долгиот локален пат со кој општина Македонска Каменица ќе ги поврзе селата Луковица и Косевица. Потоа следуваат градежни активности за тампонирање на коловозот и негово асфалтирање, рече Стаменкова.

Паралелно како што додаде се работи и на уредување на системот за одводнување на атмосферските води.

-Со реализацијата на овој проект, обезбедуваме квалитетна патна инфраструктура за движење на жителите од една селска средина во друга и значително ги зголемуваме можностите за поттикнување на локалниот економски развој во овие средини, додаде Стаменкова.

За изградба на оваа делница од буџетот на општина М.Каменица се издвоени 14 милиони денари.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*