Заврши јавниот повик за учество во проектот Општинско-корисна работа во Берово


Заврши јавниот повик за учество во проектот Општинско-корисна работа во Берово - МИА

Берово, 12 септември 2020 () – Во Берово заврши јавниот повик за избор на кандидатите кои годинава ќе учествуваат во реализацијата на проектот Општинско-корисна работа. За таа цел во салата на општина Берово се одржа состанок со невработените лица кои во наредните девет месеци ќе бидат ангажирани за нејзина реализација.



-На состанокот на кој учестуваат и градоначалникот и раководителот на ЛЕР беа договорени условите и начинот на ангажирање на лицата. Дел од невработените ќе бидат вклучени во помош и поддршка на стари лица, дел како поддршка на лица со попреченост, додека останатите како образовни асистенти, истакнаа од Општината.

За двете компоненти за кои општината аплицирала, ангажирани се вкупно 19 лица.

-Од овие 19 лица, 12 лица се вклучени во оперативната програма, додека 7 лица во програмата поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, додадоа од општината.

Градоначалникот Звонко Пекевски на сите им посака успешно да ги извршуваат своите задачи со цел задоволни крајни корисници.