Заврши изградбата на нов детски парк во Берово


Заврши изградбата на нов детски парк во Берово - МИА

Берово, 14 мај 2020 () – По повеќе од десет години уреден е уште еден простор во општина Берово, кој според надлежните долги години беше руина и грда слика на улицата „Партизанска”. Заврши изградбата на новиот детски парк, а од општината информираа дека во текот на изминатиот период поставени се спортски реквизити за деца и клупи за одмор и рекреација.

-Освен тоа, урбанизирана е парковска површина на којa се засадени нови зелени површини. Урбаното уредување и новите содржини за децата, но и за возрасните, станаа секојдневна работа на општинските служби, кои иако е време на пандемија, сериозно се подготвуваат за крајот на ограничувањата на движење, со надеж за почеток на туристичката сезона, информираа од општината.

Паркот е изграден во рамки на проектот „Збогатување на туристичката понуда, со изградба, уредување и осветлување”, кој што се реализира со средства од Програмата за регионален развој, преку Центарот за развој на Источно плански регион.

-Во рамки на овој проект обезбедено е и соодветни атрактивно осветлување, со што детската игра и уживањето во паркот ќе може да продолжува и во вечерните часови, дополнија од општината.

Наскоро, како што додадоа надлежните, убавата слика во градот ќе биде дополнета и со уредувањето на кејот на реката Брегалница, кои активности се во тек преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]