Заврши детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово

likoven-konkurs
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши годинешниот детски ликовен камп „АСНОМ“ што го организира Фондацијата за култура и општина Куманово. На 13-тиот детски камп учествуваа учениците од сите основни училишта, гости-средношколци и корисници на центарот „Порака Наша“.

Организаторите се задоволни од интересот. Кампот траеше четири дена, а младите уметници се обучуваа за различни ликовни техники.


– Поради тоа што неретко сме ограничени со средства за реализација на овој настан одлучивме да се пријават по двајца талентирани ученици од секое основно училиште. Забележуваме дека учесниците на детскиот ликовен камп во изминатите 13 години колку што постои, многумина од нив продолжуваат да се дообразуваат во областа на уметноста, односно конкретно ликовна уметност, изјави директорот на фондацијата, Марио Арангеловски.

Учениците работеа во повеќе техники, се едуцираа за нови форми на изразување. Општината и наредните години ќе издвојува средства за детскиот камп.

– Добра работа на овие колонии е дружбата на децата, споделување на идеја, унапредување на нивните уметнички способности, дружбата на менторите кои споделуваат многу работи како може да се унапреди оваа колонија, изјави претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Елена Спасовска Радошевиќ, ментор по ликовно образование појасни дека учениците твореле во три ликовни подрачја, графика, сликање и скулптура, оригами, акрил на платно, графика.

Ученичката, Евгенија Атанасовска од „Браќа Миладиновци“ веќе втора година учествува на кампот и е задоволна од учеството. За неа е важно што веќе работи во техники кои ги совладала. Учениците велат дека ова е одлична можност да се едуцираат, дел од нив веќе се определиле дека ќе продолжат со образованието во овој правец. Уметничките дела создадени на ликовниот камп во Пелинце ќе бидат презентирани на изложба и собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK