Затнати цевки причина за нови прекини во водоснабдувањето во Тетово



Затнати цевки причина за нови прекини во водоснабдувањето во Тетово - МИА

Тетово, 11 август 2020 () – Тетово денес повторно се соочува со прекин во водоснабдувањето, а пак во прашање е водоводна цевка Ф300 на улицата „Цветан Димов“, но од комуналното претријатие образложуваат дека интервенциите се од помал карактер и нема да има поголеми проблеми.  Станува збор за затнување на цевката поради изведувањето на работите минатата недела.

-Откако мината недела поради пукање на цевките имаше потреба од нивна замена, сега оваа недела се појавија затнувања на одредени места поради навлезени наноси при изведување на работите. Тоа се случи на цевководот со Ф300 цевка од Шарена џамија преку дворот на порнашено медицинско училиште и на улицата „Цветан Димов“ кај Архивот. Во делот кај медицинското училиште има редуктор со заштитна мрежа и така се детектираше проблемот. Таму се врши потребната интервенција но овој пат таа треба да трае многу пократко од минатата недела, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на водотехничката лабораторија при Водовод и канализација на јавното комунално претријатие „Тетово“.

Водоснабдувањето е прекинато од 15 часот кај градските резервоари за сите потрошувачи и проценките се дека ќе трае до 18 часот. Нормализирањето кај сите потрошувачи се очекувате во текот на вечерта.

Најпогодени повторно се домаќинствата во Блок 70 и долж улица „Браќа Миладинови“.

Минатата недела три дена голем дел од Тетово беше без вода за пиење поради пукање и потребата од замена на две места на голема цевка тип Ф300.  


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, […]

Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*