Заштитни мрежи на реките од сливот на Охридското Езеро


Заради спречување на внесување цврст отпад во Охридското Езеро, Општина Охрид почна со поставување заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје.


 

Таква брана денеска е поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период заштитни мрежи ќе бидат поставени и на останатите речни корита.

Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП „Градски гробишта”, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.