Заштита на археолошки предмети од среден век пронајдени кај Демиркаписка клисура


Заштита на археолошки предмети од среден век пронајдени кај Демиркаписка клисура - МИА

Демир Капија, 14 септември 2020 () – Во музејот во Демир Капија во тек се активности од проектот за заштита на музејски предмети и музејски материјал. Се работи за археолошки предмети од среден век, пронајдени кај Демиркаписка клисура.



-Тие се плод на археолошките ископувања реализирани во периодот од 2012-2018 година. Материјалот е прибавен од археолошките локалитети Кале-Стрезов Град кај село Челевец и Црквиште кај село Корешница, Демир Капија. Проектот е раководен од виш конзерватор Бранко Величковски од националната установа Музеј на Македонија. Се работи на конзервација на предмети од метал и керамика, постапка која се спроведува врз археолошкиот материјал заради заштита од понатамошно уништување. Предметите се пронајдени како гробни прилози и тие се сопственост на жителите кои во времето на средниот век, тука, на карпестата клисура над реката Вардар, ги формирале своите живеалишта, за појасни Цветанка Митрева, кустос при Музејот.

Таа нагласи дека се работи за интересни пронајдоци кои заслужуваат да бидат видени во демиркапискиот музеј. свд/