За ранливите категории Општина Богданци ќе субвенционира комунални услуги


– Општина Богданци и оваа година обезбеди средства за субвенционирање на комунални услуги за граѓаните од социјално загрозените категории за кои имаше рапишано јавен оглас.


 

– Износот на субвенцијата изнесува 300 денари месечно за секоја сметка на лицата корисници на социјална парична помош кои поднеле барања на јавниот оглас и за граѓани изложени на социјален ризик, велат од Општината.

Субвенцијата од 300 денари ќе се однесува за дел од сметката за потрошена вода за пиење, а право за поднесување на барања имаат само корисници на улуги од јавното комунално претпријатие кои треба да достават потврда за користење социјална парична помош и лична карта.

Комплетната документација со барање за субвенција се доставува на адреса на локалната самоуправа,најдоцна до 1 февруари.