Втор случај на Ковид-19 во Делчево


Втор случај на Ковид-19 во Делчево - МИА

Делчево, 6 јуни 2020 () – Лице од Делчево кое живее и работи во Скопје е вториот случај на Ковид-19 во Делчево. Информацијата официјално беше потврдена од Министерството за здравство, во чија статистика денеска беше наведен и пациентот од Делчево. Од здравстевниот дом во Делчево велат дека нема место за паника, бидејки се работи за лице кое подолго време престојува во Скопје.

– Станува збор на лице кое поради работата живее во Скопје и таму е направен тестот, таму е објавена веста дека лицето е позитивно на коронавирус. Лицето според наши информации нема симптоми на болеста, во моментот се чувствува добро, но според предвиденото ќе ја помине неколку дневната изолација, велат од делечвскиот здравствен дом.

Ова е втор случај позитивен случај на Ковид-19, во Пијанечкиот регион. Во Делчево и Македонска Каменица кои потпаѓаат во овој регион досега двата случаи на Ковид-19 се регистрирани во Делчево. Првиот пациент кој на последните два тестови беше негативен на вирусот, но почина, заразата ја доби на Клиниката за онколошки заболувања во Скопје, додека вториот пациент кој денеска е регистриран и се води како втор позитивен случај во Делчево, најверојатно, како што додаваат надлежните, се заразил во Скопје.

Во останатите општини кои гравитираат околу општина Делчево, уште еден случај деновиве беше регистриран во Берово. Според информациите на тамошните лекари, пациентот се опоравува и се очекува негово оздравување.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]