Вработените во гевгелиските градинки негативни на корона вирус


Вработените во гевгелиските градинки негативни на корона вирус - МИА

Гевгелија, 29 мај 2020 () – Резултатите од тестирањето,кое во рамки на скринингот го направи ПЕ на центарот за јавно здравје, покажаа дека сите 110 вработени во ЈОУ „Детска радост“ во Гевгелија се негативни на корона вирусот.

Со последните резултати, кои пристигнаа од лабораторијата на Центарот за јавно здравје од Велес,се покажа дека ниту еден вработен во шесте градинки на територијата на општина Гевгелија од кои три се во градот и по една во Богородица, Негорци и Миравци не е заразен од Ковид-19, односно дека сите се негативни на корона вирус.

-Негативните корона тестови потврдија дека здравствената состојба на вработените е добра во пресрет на повторното отворање на градинките за децата што за нас секако претставува пријатна вест, рече директорката Бети Стефановска.

Таа нагласи дека пред скринингот во сите објекти на шесте детски граднки била извршена дезинфекција,дезинсекција и дератизација и дека капацитетите и вработените во градинките се целосно подготвени за повторно прифаќање на децата во моментот кога одлуката за тоа ќе ја донесат надлежните власти во земјата. им/ир


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]