Вонредна дератизација на канализациската мрежа и градската депонија во Делчево

delcevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вo Делчево денеска е извршена вонредна дератизација на градската канализациска мрежа и депонијата Острец. Акцијата како што информира локалната самоуправа, е дел од превентивните активности по поплавите во Делчево, а по препорака на епидемиолошката служба при ЈЗУ Центарот за јавно здравје во Кочани со цел превенција од заразни болести.

Дератизацијата ја вршеа стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје, Кочани, ПЕ Делчево во соработка со ЈКП „Брегалница“ и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.   Според предвидените параметри, за успешно справување со овој тип преносители на заразни заболувања, посебно по обилни дождови и поплави, третирана е градската канализациска мрежа со посебен акцент на реоните од градот кои најмногу настрадаа од неодамнешните поплави.


Со акцијата беа третирани над 70 канализациски шахти на поширокото подрачје на Делчево.

Акцијата се спроведе со средство „Бродисан“ во вид на гранули и коцки за неутрализирање на преносителите, глувци и други глодари кои се потенцијални преностители на вектор заразни заболувања. Според предвидените мерки и активности, употребени се 30 кгр од средството во гранули и 5 кгр од средството во вид на коцки за дератизација на градската депонија.

Главна цел на дератизацијата е да се намали популацијата на глодарите кои, освен што се преносители на заразни болести, во потрагата по храна можат да предизвикаат оштетувања на разни видови инсталации, како телекомуникациски, водоводни, но можат да предизвикаат и штети во домовите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK