Во велешкото село Мелница првпат се одржа манифестацијата „Мелнички средби 2023“

melnica, opstina caska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во село Мелница, Општина Чашка, синоќа првпат се одржа манифестацијата „Мелнички средби 2023“ со богата програма со промоција на документарен филм за село Мелница, дефиле на фолклорни друштва, интерпретатори на традиционална музика и концерти на фолклорни друштва. На крајот настапија и повеќе македонски естрадни ѕвезди, информираа денеска за МИА, од Општина Чашка.

За посетителите посебно интересно беше фестивалско дефиле во коешто учествуваат КУД „Тодор Јанев“ од населба Чашка и фолклорните друштва „Ростуше“ и „Новак“ од центар Жупа.


Организацијата на овој културен настан беа здружението на граѓани за граѓански иницијативи „МЕЛ – МЕЛ 2023“ Мелница и „МАК – МЕЛ“ од Швајцарија, со поддршка Општина Чашка и Министерство за култура.

На манифестацијата до бројните присутни домашни и иселеници и бројни гости и делегации се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Говорејќи за нераскинливата врска со родниот крај на нашите иселеници, министерот Спасовски ја истакна печалбарската традиција која е во дух на оваа манифестација – Иселеничка средба Мелница 2023.

Тој ја нагласи придобивката од ваквите настани, чествувањето и прославувањето на она што претставува една од најголемите драгоцености во човечкото социо-културно егзистирање – родниот крај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK