Во Велес три, а во Кавадарци две лица не го почитувале полицискиот час


На подрачјето на СВР Велес сите граѓани ги почитувале мерките на изолација и самоизолација - МИА

Велес, 21 мај 2020 () – Во текот на изминатото деноноќие, 20/21 мај на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес, пет лица, oд кои, три во Велес и две во Кавадарци не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час. Во Неготино немало прекршители, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.    

Во овој период има 19 нови регистрирани лица со решенија за изолација, и тоа, најмногу 18 се во Велес и едно во Кавадарци, а со изјава за самоизолација има едно ново лице во Кавадарци.

На подрачјето на СВР Велес, со решение за изолација има 156 лица, од кои 148 во Велес, едно во Кавадарци и седум во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 23 лица, од кои 16 во Велес, две во Кавадарци и пет во Неготино.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]