Во Велес преместена просторијата за брисеви за Ковид-19 во поранешниот хотел „Вила Зора“


Во Велес преместена просторијата за брисеви за Ковид-19 во поранешниот хотел „Вила Зора“ - МИА

Велес, 13 јули 2020 () – На барање на Општинската изборна комисија, просторијата за земање брисови од поранешното основно училиште „Јордан Хаџи Констнатинов-Џинот“ е преместена во поранешниот Хотел „Вила Зора“. Преместувањето е поради тоа што во оваа зграда има три избирачки места.



Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на денешната прес-конференција истакна дека екипи на Центарот за јавно здравје од Велес продолжуваат со земање брисови во просторија во поранешниот Хотел „Вила Зора“ или попознат како Пензионерски.

Новинарите на прес-конференцијата посочија дека поради ваквата одлука реагирале голем број на граѓани кои живеат во непосредна близина на овој објект, бидејќи освен од Велес на испитување за Ковид-19 доаѓаат и граѓани од Скопје, а  од кои, како што рекоа, дел несовесно се однесувале, плукале во трвниците  и влегуваат и во продавниците, а заради нивното несовесно однесување кај граѓаните постои страв и загриженост.

Коцевски најави дека во овој дел од градот ќе се зголеми дезинфекцијата на јавните површини, а и дека ќе им наложи на СВР – Велес  да извршат поголеми контроли за тоа како се однесуваат лицата кои доаѓаат за бриз од други градови. 

Тој истакна дека поради доаѓањето на овие лица од Скопје во Велес за брис, во опасност се изложени и вработените на бензиските пумпи долж патот.