Во Велес пред Спомен куќата на Рацин промовирана збирка поезија на млади „Слушни ја тишината“


– Во рамките на 57-те Рациниви средби синоќа пред Куќата на Рацин каде е Сокачето на поезијата беше промовирана збирката поезија на млади поети од земјава „Слушни ја тишината“ во издание на Агенцијата за млади и спорт за 2019. Нејзини промотори беа проф-др Христо Петрески и проф д-р  Кристина Николовска.

Во  рамките на промоцијата свои стихови посветени на Рацин читаа млади велешки поети – ученици подмладок на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Во своето излагање пред присутните промоторот проф д-р Христо Петрески и еден од членовите на  трочлената жири комисија која ги одбираше песните појасни дека возраста на авторите кои ги бираат е во две категорииод 15 до 20 и од 21 до 29 години.

-Јас лани говорев дека многу повеќе треба да правиме за младите и затоа голема е радоста и среќата што Рациновите средби тоа го прават. Тоа  го правевме со  Детските рацинови средби, но таа поезија завршуваше со завршување на основно образование. Но, затоа со овој проект на Агенцијата за млади и спорт  некако спонтано и со наши големо залагање на членовите на жири комисијата донесовме одлука во рамките на Рацинови средби да се промовира овој проект со кој ќе се промовира поезијата на млади од 15 до 29 години. Со тоа правиме нишка меѓу децат и возрасните, нема возрасни писатели без млади писатели и нема творечка и креативна обнова и ако ние не мислиме за оние млади што се зад нас, потенцира Петрески.

Тој на младите поети им порача да бидат вредни и трпеливи и да творат и дека само така ќе дојдат на нивното место и дека тие се иднината на  Рациновите  средби и на македонската поезија.

Проф д-р Христина Николова порача дека Рацин нам ни е подарен и тоа мораме да го чуваме и дека тоа тие тој стих  го препознале  во оваа книга „Слушни ја тишината“.

-Така носи наслов оваа стихозбирка и со тоа можеби се и  тишините на Анте Поповски, на Конески на Мисирков, ама тие најубавите филозофски пишани во кои тишината секогаш им претходи на големите настани и потоа доаѓа главното дело. Најголемата епохална фигура во нашиот 20 век е роден тука во Велес  и  затоа се поклонувам на тоа место и му благодарам што ги инспирираше овие млади поети. Нема подобар пример и патоказ од Рацин затоа што тој ни покажа како да ги победиме болестите на духот и општеството и на неправдите. Беше извонредно прогресивен и затоа Рацин е поет на иднината, Рацин е наш и завет на светот. Ние тој Рацин мора да го чуваме како најдрагоцено богатство, а ова е пример како тој да се негува. Освен што неговите стихови ги има на фасадите во Велес, најважно е што  Рацин е дел од сите нас, од нашата крв и имунитет и затоа со години да го сливиме Рацин, порача Николовска.Таа   на техничката грешка на  отчукување на апаратувата за разглас, заклучи  рече дека тоа не е случајна техничка  грешка  и рече  дека тоа сега што отчукува е срцето на Рацин кое е тука со нас.

Потоа свои стихови за Коста Солев Рацин прочитаа млади велешки поети ученици,кои се подмладокот на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, Кристина и Наталија Купенкови, Валерија и Анастасија Ѓорѓиеви и Вероника Саздова.