Во Тетово тројца приведени, кај едниот пронајдена марихуана во долната облека



Во Тетово тројца приведени, кај едниот пронајдена марихуана во долната облека - МИА

Тетово, 16 септември 2020 () – Три лица се приведени поради откриена дрога при контрола кај нив, а кај еден од нив марихуана е најдена во долната облека.

– Вчера околу 15 часот и 20 минути, на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Б.Р. При негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тетовецот Б.Р. задржан е во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија од СВР Тетово.

Другите двајца се приведени подоцна околу 19 часот.

– Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од тетовска Мала Речица и 21-годишната М.С. од Скопје, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговите куќа и стан во Мала Речица и на улица „Илинденска“ во Тетово биле пронајдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер кесички. Се расчистува случајот и ќе следуваат поднесоци, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово. цр

 


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*