Во тек вториот уписен рок на штипскиот Универзитет „ „Гоце Делчев“


Во тек вториот уписен рок на штипскиот Универзитет „ „Гоце Делчев“ - МИА

Штип, 14 Септември 2020 () – На Универизтетот „Гоце Делчев“Штип во тек е вториот уписен рок на студенти во прва година за академската 2020-2021 година, а се реализира денеска и утре. Проректорот на УГД-Штип, Мишко Џидров вели дека по првиот рок се останати вкупно 2910 слободни места, од кои 1574 за редовни студенти во државна квота, 765 за редовни студенти во квотата со кофинансирање и 571 за вонредно студирање.


 

–Пријавувањето на заинтересираните кандидати и во вториот уписен рок е онлајн, преку апликацијата која може да се најде на eupisi.ugd.edu.mk, а потребните документи може да се достават на пунктовите во Штип, пред Правниот факултет и Факултетот за образовни науки, како и во наставните центри на УГД во Скопје, Кавадарци, Струмица и во Гевгелија, вели Џидров.

Покрај  вториот уписен рок,  во тек е  и запишувањето на примените кандидати од првиот уписен рок. Пунктовите за прием на документи се организирани во согласност со протоколите за заштита од ковид 19, во интерес на здравјето на граѓаните. Кандидатите кои имаат прашања и потреба од асистенција и помош можат да се обратат на приемните пунктови, како и на мејл upisi@ugd.edu.mk или на телефоните 075 400 197 и 078 267 428.вдј/