Во тек се финалните подготовки за почеток на изградбата на регионалниот пат од Македонска Каменица до село Саса


Во тек се финалните подготовки за почеток на изградбата на регионалниот пат од Македонска Каменица до село Саса - МИА

Македонска Каменица, 7 јули 2020 () – Во тек се финалните подготовки за почеток на изградбата на регионалниот пат од Македонска Каменица до село Саса, во должина од 12,1 километар.

Од кабинетот на градоначалничката на Општина Македонска Каменица Соња Стаменкова информираат дека на работен состанок со претставници на фирмата изведувач на градежните работи, се разговараше за динамиката на изведбата, поединостите околу обезбедување на потребните услови за квалитетна и експедитивна изведба на овој патен правец.

– Рехабилитацијата на овој патен правец за нашата општина е од огромно значење, пред сѐ поради олеснетиот пристап до најголемиот економски и индустриски оператор во нашата општина Рудникот Саса и овозможување на подобрена патна инфраструктура до домовите на жителите од нашите две најголеми села Моштица и Саса, истакнуваат од општината.

Со рехабилитацијата на овој патен правец, посочија, ќе се обезбеди пристап и до огромните неискористени природни потенцијали на Осоговските планини, развој на туризмот и локалната економија во Македонска Каменица.

– Градежните работи за изградба на регионалниот пат Македонска Каменица – Саса според планираното ќе започнат веднаш после потпишувањето на Договорот за изведба помеѓу ЈП „Државни патишта“ и најповолниот избран економски оператор „Ескаватори – МК”, велат од Општина Македонска Каменица.

Во текот на денот со претставниците на фирмата изведувач беше извршен и увид во трасата низ која поминува Регионалниот пат до селото Саса. 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*