Во Струмица отворен фитнес центар за лица со попреченост


– Во Струмица денеска е отворен специјализиран фитнес центар за лица со попреченост, кој е единствен во регионот. Центарот е отворен во рамки на проектот „И ние постоиме“ преку RELOAD програмата (Регионална програма за локална демократија за Западен Балкан) финансирана од ЕУ, а спроведувана од УНДП и поддржанa од Општина Струмица.

Според Мери Туџарова од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица, отворањето на центарот има големо значење за лицата со попреченост.

-Ќе има големо значење во подобрување на квалитетот на живот на лицата со попречност и со овој проект ќе се потрудиме да покажеме дека и ние можеме да бидеме рамноправни и дека можеме  да спортуваме, иако ни е потребна одредена мала помош, рече Туџарова.

За Анче Туфекчиева од Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица, кое е партнер во проектот заедно со „Мобилност“,  отворањето даоаѓа како иницијатива откако биле одбиени да спортуваат од повеќе фитнес центри.

-Наидовме на отпор од некои фитнес центри и затоа одлучивме идејата да ја реализираме сами, да најдеме простор и да се набават реквизитите со кои што ќе можеме да вежбаме, рече Туфекчиева, која додаде дека фитнес центарот е од отворен карактер за сите кои сакаат да го користат.

На отворањето присуствуваше и претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ и на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски. Тој истакна дека на вакви проекти треба да се гледа и од страната на социјалната инклузија преку спортот.

-Искрено очекувам дека оваа просторија ќе биде исполнета и многу лица ќе најдат свое катче за задоволство и подобрување на својата здравствена состојба и дека ќе се видиме со некој спортист кој ќе спортува и ќе донесе медал за Струмица и нашата држава, рече Јовановски.

Настанот го поздрави и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека општина Струмица и тој како градоначалник секогаш ќе стојат зад такви проекти.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]