Во средните училишта во Велес денес трет уписен рок, најмноги места има во економска


Во средните училишта во Велес денес трет уписен рок, најмноги места има во економска - МИА

Велес, 29 јуни 2020 () – Во средните училишта во Велес денеска се спроведува третиот уписен рок за претстојната учебна 2020/2021  година, слободни места има во сите четири, а најмногу во Економското училиште „Јовче Тесличков“ каде  во двата уписни рока се запишале 11, а  има вкупно 170 места.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двата уписни рока запишани вкупно 108   ученика,   настава на македонски јазик  94,  а во една  во албанската паралелка  има запишани 14. Вкупно треба да се запишат 204 во шест паралелки, од кои  пет на македонски и една на албански наставен јазик.

Во ССОУ  „Коле Неделковски“ по двата уписни рока во двата смера електро и машински запишани се вкупно  197, а има слободни 399 слободни места

Во ССОУ „Димитрија Чуповски“ попознато како хемиска, каде по двата уписни рока запишани  се вкупно   117,  а има вкупно  238 места.Таму најмногу интерес имаше за трите медицински паралелки за медицинска сестра, болничар и фармацевтски техничар.

Во Економското училиште „ Јовче Тесличков“ по двата уписни се запишани само 11 ученици, а има слободни 170 места.

По двата уписни рока во прва годинита во четирите средни училишта во Велес се запишани 433 ученици,а колку што има и завршено деветтооделенци, а има вкупно слободни 1011 места..Во нив освен од Велес се запишуваат и ученици од соседните општини.

Во поширокиот регион, општина Велес со општините Градско, Лозово и Чашка годинава завршиле 590 ученици.

Во сите средни училишта каде што и по третиот уписен рок ќе има се уште слободни места, незапишаните деветооделенци за прва средно ќе можат да се запишат и на последниот рок на 24 август.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*