Во штипската населба Суитлак дел од легализираните објекти ќе добијат куќен број

shtip_4533454345
Facebook
Twitter
LinkedIn

– По проширувањето на опсегот на Генералниот урбанистички план легализираните објекти на одредени улици во викенд населбата „Суитлак“ ќе добијат куќен број. Ова одлука беше поддржана од советниците и од мнозинството и од опозицијата на последната седница на Советот на Општина Штип. Сања Милјакова-Судиклиева вработена во Општина Штип појаснува дека вкупната должина на краците кои ќе се запишат под името улица „Суитлак“ се зголемува за 1.113 метри и вкупната должина изнесува 2724 метри.




-Поради проширување на границите на ГУП на Општина Штип, во месноста Суитлак се јави потреба да се именуваат одредени улици за добивање на куќен број на легализираните објекти. Поради тоа улицата „Суитлак“ се продолжува на уште три краци, вели Мијалкова-Судиклиева.

Од Општината потенцираа дека улица и број на куќите ќе добијат само легализираните објекти во оваа населба. Населбата Суитлак до неодамна беше викенд населба која почна да го менува изгледот и каде почнаа да се градат голем број нови објекти и куќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: